Дома Свет Останати региони Зимбабве доби нов претседател

Зимбабве доби нов претседател

328
0
АКЦИЈА

Емерсон Мнангагва е новиот претседател на Зимбабве. Тој денес ја положи свечената заклетва и вети нови работни места, намалување на сиромаштијата и борба против корупцијата.

„Ќе отвориме работни места за младите и ќе ја намалиме сиромаштијата на целото население“, изјави Мнангагва во првиот говор по стапувањето на должност како претседател. Тој уште еднаш потенцираше дека борбата против корупцијата ќе биде во преден план и најави демократски избори следната година, како што е планирано, и изјави дека земјата се обновува по 37-годишното управување на Роберт Мугабе. Мнангагва нагласи дека земјата мора да ги надмине лошите политики од времето на Мугабе и неговата фамилија.

„Не треба да ја испуштиме таа можност. Не треба да останеме заложници на минатото“, истакна новиот претседател.

Мнангагва исто така вети дека ќе ги обештети белите фармери чие земјиште беше одземено со реформите на Мугабе.

Десетици илјади лица се собраа на стадионот и со овации го поздравија новиот претседател. Мнангагва е поранешен близок соработник на Мугабе, но поранешниот претседател на почетокот на месецов го разреши од функцијата потпретседател под обвинение за „нелојалност“, откако влезе во отворен конфликт со неговата сопруга Грејс Мугабе.

Емерсон Мнангагва го викаат „Нгвенја“ (Крокодил) поради политичката лукавост и безобѕирност. Поранешниот претседател Мугабе не присуствуваше на денешната церемонија со која Мнангагвва ја презеде функцијата.

Мнангагва ќе биде вршител на функцијата претседател се до претседателските избори во Зимбабве кои треба да се одржат за една година, но точниот дадум за одржување сеуште не е утврден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here