Уште еден од организаторите на протестите за Заедничка Македонија доби 30 дневен притвор.
Богдан Илиевски исто така се терети за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста според членот 313 од Кривичниот закон за настаните од Собранието на Република Македонија на 27 април кога беа нападнати пратениците од парламентарното мнозинство.
Меѓу оние на кои им е одредена мерка притвор се и Митко Чавков, Игор Дурловски, Горан Ангелов – Ќосето, куќен притвор доби Борис Дамовски, како и службеничката од собранието Е.И.
За пратениците дополнително ќе заседава комисијата за одзимање на имунитетот