Дома Магазин ШТО СМЕ ЈАС И ТИ?

ШТО СМЕ ЈАС И ТИ?

535
0
АКЦИЈА

Да сме јасни уште на почеток, вашата потреба да ја дефинирате врската не ве прави старомодна, а уште помалку луда. Напротив, тоа ве прави мудра и храбра, бидејќи не сте кукавица и можете да ги земете работите во свои раце.

Пред да иницирате на разговор, одлучете што сакате, а што не сакате. Ако врската е еднонасочна улица, за каков исход сонувате? Иако не сте дошле на час по етика, не се спуштајте во разговор ако претходно не расчистите се што можете, а со што не можете да се помирите. Зошто го зборувам ова? Бидејќи големи се шансите да го прифатите предлогот на другата страна, каде е компромисот тука? Ако сте на иста бранова должина, супер. Но ако едната страна сака отворена врска, а другата сериозна, разговорот е неизбежен, но, не откажувајте се, разговорот може да донесе нешто прифатливо.

Само две личности можат да ви помогнат да го дефинирате вашиот однос, вие и тој. Толку е, нема трет. Не заобиколувајте, не барајте одговори. Не ги распрашувајте неговите пријатели, едноставно прашајте го него. Ако се плашите, тогаш голема е веројатноста да наидете во ситуација која воопшто не ви се допаѓа и ќе допушти простор за сомнеж.

Зборовите во завиена форма не функционираат. Ако заминете, се ќе пропадне во вода, па ќе ви треба време за да соберете сили за втора рунда. Во таков случај може вас да ви биде полесно, но мислете и на партнерот да ви ја сфати намерата (ова се однесува на мажите кукавици) па да ја започне играта на одбегнување на одговор користејќи го вашиот недостаток на храброст за директно да го прашате него.

Избегнувајте формални фрази, па не сте тука за да потпишете договор за склучување зделка, во случајов се вклучени емоции, а тие обично, знаат мноооогу добро да манипулираат со здравиот разум на еден човек.

Најдете си свој начин за да кажете што имате да кажете, внимателно, не дозволувајте да се смеете цело време! Запамтете, после лабавиот вовед, следи јасен говор.  Треба да покажете подготвеност и да ислушате и тогаш, имате шах-мат, несомнено доаѓа ситуација со искрен одговор.

ЗАПОМНЕТЕ: Само поради тоа што вие сте одлучиле да ја дефинирате врската не мора да значи дека треба да биде црно или бело. Најважно е да продолжите понатаму. Бидете повеќе од сигурни дека, дури тогаш сте на иста страна!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here