Стево Пендараровски е назначен за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО. Неговиот избор беше потврден на вчерашната седница на владата на Република Македонија. Оваа одлука ќе се официјализира и ќе стапи на сила по објавувањето во Службен Весник.
Пртходниот носител на оваа функција беше Никола Димитров од 2006та до 2009та година, а во изминатите години беше испразнета и во мирување. Функцијата остана испразнета и беше во мирување по неуспехот на Македонија да добие покана за членство на самитот во Букурешт во 2008. Период по кој следеше заладување на стагнација во Атланските интеграции.