Дома Магазин Едноставни начини за декорација на украсни салфетки

Едноставни начини за декорација на украсни салфетки

2161
0
АКЦИЈА

Собирањето на секојдневен фамилијарен ручек, или вечера со пријателите во вашиот дом, секогаш е една топла и свечена прилика за добар разговор, одлична храна и многу дружење.

За претстојниот период на празници кој со нетрпение го очекуваме, се одлучивме главниот акцент да го ставиме токму на декорација на масата.

Кога на масата нема доволно место за украси секогаш храната е главната ѕвезда на трпезата. Но ние ви нудиме неколку практични идеи како да го направиме минималниот простор корисен со интересни украси од самата природа, а притоа да постигне максимална ефективност и да остави впечаток на креативни домаќини.

Се што е потребно е:

Украсни салфетки, коноп (или обичен конец), декоративна лента, цветови, обични гранки, ножички и лепило.

Секако дека може да додадете и хартија на која би напишале некоја убава посвета, или име.

Во прилог погледнете ги идеите за украсни салфетки инспирирани од природата кои ќе посакате да ги направите уште во првата прилика на вашата следна вечера во вашиот дом. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here