Дома Македонија Хојт Брајан Ји е кандидат, но не и сигурен избор за Амбасадор...

Хојт Брајан Ји е кандидат, но не и сигурен избор за Амбасадор на САД во Македонија

2157
0
АКЦИЈА

По објава на Ал Џезира Балканс, дека Хојт Брајан Ји ќе биде нов амбасадор на САД во Република Македонија, вест која скоро сите медиуми ја пренесоа овде и во регионот, сепак треба да се земе со доза резерва.

Оваа вест се појави и пред очите на членови во сенатот и администрацијата по што пристигна демант до редакцијата на Infonews од наш близок извор во сенатот на САД, дека официјална потврда од Стејт Департментот нема иако Ал Џезира Балканс тврди поинаку.

Имено изворот ни потврди дека Хојт Брајан Ји е засега само кандидат бидејки неговата апликација за оваа позиција е пристигната, но исто така додаде дека постапката за назначување е далеку по комплексна и ќе подлежи на расправа.

Тој на кратко ни ја објасни процедурата како и реакциите кои се очекуваат од номинацијата на Ји, сепак како што тој вели, има доволно аргументи кои се подготвуваат за расправата кои укажуваат дека можеби Ји и не е толку подобен кандидат за оваа позиција.

Во целост го пренесуваме писмото кое што пристигна до нашата редакција:

There is speculation that Hoyt Brian Yee will be the next US Ambassador to Macedonia. But before that actually happens he first needs to be nominated by the US President, Donald Trump and secondly that nomination must be approved or confined by a Senate Hearing. The procedure is the Senate examines the suitability of Yee and Senators ask him questions.

Nominations
The Constitution provides that the president “shall nominate, and by and with the Advice and Consent of the Senate, shall appoint Ambassadors, other public Ministers and Consuls, Judges of the Supreme Court, and all other Officers of the United States…(Article 2, Section 2).”

The Senate has always jealously guarded its power to review and approve or reject presidential appointees to executive and judicial branch posts.

I would be interesting to listen to the arguments on the hearing. American-Macedonian lobbyists as well “citizens” from the Republic of Macedonia wrote dozens of reports, protest notes and testimonials about  the “receiving country” and Hoyt Yee’s direct involvement in the regional politics and his actions by taking side. They are addressing to President Trump and to their local US Senators about the unsuitability of Yee as US Ambassador to Macedonia and they pointed out to the President and Senators reasonable arguments and statements. 

Превод

Постојат шпекулации дека Хојт Брајан Ји ќе биде новиот амбасадор на САД во Република Македонија. Но пред тоа да се случи, привично треба да биде номиниран од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, потоа неговата номинација мора да биде одобрена и потврдена од страна на Сенатот поткрепена со расправа. Процедурата се состои од еден вид на расправа и сослушување на која Сенаторите поставуваат одредени прашања и приложуваат аргументи за соодветноста на Ји како кандидат.

Номинирање

Уставот предвидува дека претседателот ќе номинира кандидат, но само со консултации  и со согласност на сенатот може да назначи амбасадори, други јавни министри и конзули, судии на Врховниот суд како и други службени лица кои ја претсавуваат Америка(Член 2, став 2)

Сенатот отсекогаш љубоморно ја чувал својата моќ да ги преиспитува и одобрува или одбива назначените лица за претседател на извршната и судската власт.

Би било интересно да се слушнат аргументите на сослушувањето. Американско-македонски лобисти, како и “граѓани” од Република Македонија, напишаа дузина извештаи, протестни белешки и сведоштва за “приемната земја” и за директната инволвираност на Хојт Ји во регионалната политика и неговите активности заземајќи одредена страна. Тие му се обраќаат и му пишуваат на претседателот Трамп и на нивните локални американски сенатори за несоодветноста на Ји како амбасадор на САД во Македонија. Тие на претседателот и на членови на сенатот им посочиле разумни аргументи и изјави.

Нашиот извор уште еднаш потврди дека во игра се и други имиња за амбасадорското место. Како можни кандидати се спомнуваат и Џонатан Мур, актуелен шеф на мисијата на ОБСЕ во БиХ и поранешен директор за централна и јужна Европа во Стејт департментот, како и Кондолиза Рајс, поранешен државен секретар и советник за национална безбедност во мандатот на двајца американски претседатели, која сега се посочува и како можен специјален пратеник на претседателот Трамп за Балканот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here