Дома Магазин НАЈСЕКСИ РЕВИЈА НА СВЕТОТ ЗА 2017 ГОДИНА! VICTORIA’S SECRET FASHION SHOW

НАЈСЕКСИ РЕВИЈА НА СВЕТОТ ЗА 2017 ГОДИНА! VICTORIA’S SECRET FASHION SHOW

907
0
АКЦИЈА

Во понеделникот, во Шангај се одржа уште еден гламурозен настан на Victoria’s Secret Fashion Show. Секоја година за оваа манифестација се заслужни Ангелите на модата за да се проследи безпрекорната модна ревија.

За најгледаниот моден настан на годината беа потрошени околу 12 милиони долари, огромна сума на пари ако се земе во предвид дека повеќето ревии чинат околу 1 милион долари. Настанот беше брилијантен. Настан кој зрачи со убавина, сексипил и гламур.

На овогодинешната ревија, продефилираа најголем број на модели со различна боја на кожата, различна националност и 15 модели со црна боја на кожата, исто така се појавија и доста нови модели наVictoria’s Secret, 18 од вкупно 57.

Многу од моделите и познати музички ѕвезди кои требаше да настапат на ревијата се соочија со проблем за добивање на виза за Кина, па некои од звучните имиња како Gigi Hadid и Katy Perry не присувствуваа на шоуто.

Victoria’s Secret Fashion Show 2017, беше одлична можност повторно да ја видиме Karlie Kloss, која пред неколку години се повлече од модната писта, но оваа година се врати во полн сјај заедно со АнгелотCandice Swanepoel. На пистата се прошета и прочуениот Victoria’s Secret Fantasy Bra и блесна на градите на Lais Ribeiro кој е вреден, ни повеќе ни помалку, од 2 милиони долари. Уште една од интересните работи беше и колекцијата на Balmain која што беше специјално дизајнирана за Victoria’s Secret.

За некои од Ангелите на Victoria’s Secret, ова беше и последно дефилирање на модната писта. После завршувањето на овогодинешното Victoria’s Secret Fashion Show, манекенката Alessandra Ambrosio одлучи да замине на заслужен одмор.

На модната писта, најголем кошмар на еден модел е да падне на своето дефилирање. Оваа година тоа му се случи на Ангелот Ming Xi од Кина. Ming Xi одлично се појави на сцената и доста самоуверено шеташе на пистата, но во еден момент се лизна и падна. Симпатичната манекенка со насмевка на лицето се исправи и продолжи да чекори како ништо да не се случило. 28 годишната убавица е член на Ангелите на Victoria’s Secret од 2013 година и ова е прв пат да и се случи ваков не мил настан.

“ Многу сум разочарана, но и благодарна на сите оние кои аплаудираа додека паѓав ” изјави Ming Xi за медиумите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here