Дома Македонија Економија Денес стечајците ќе ги добијат првите решенија за надомест

Денес стечајците ќе ги добијат првите решенија за надомест

919
0
АКЦИЈА

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе ги врачи првите решенија на граѓани опфатени со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека околу 3.000 лица ќе добиваат 7.596 денари месечно, за што се обезбедени средства во Буџетот и се опфатени со ова законско решение.

Со законот се опфаќаат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, заклучно со 31 декември 2016 година.

Невработено лице може да се стекне со правото ако било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци, ако му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, доколку на денот на влегувањето во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена) или 55 години (маж), ако работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година и доколку остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина.

Според МТСП, со усвојување на овој Закон Владата на Република Македонија излегла во пресрет на долгогодишните барања на оваа категорија граѓани и оти со него се дава можност за материјално обезбедување на поголем број стечајни работници.

Законот за материјално обезбедување на стечајците кој беше усвоен на владина седница на крајот на јули годинава, а усвоен од македонското Собрание во септември годинава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here