Дома Македонија Економија Зголемување на цената на водата по Нова Година

Зголемување на цената на водата по Нова Година

1283
0
АКЦИЈА
Димитар Петров- В.Д. директор на регулаторна комисија за енергетика

Регулаторната комисија за енергетика го утврди ценовникот со кој некаде ќе се намалува, а некаде ќе се зголемува цената за водните услуги. Сега на потег се локалните власти, Градот Скопје и Владата кои имаат рок до крајот на годината да ги утврдат цените.

Според претседателот на Регулаторна, Петров во цените најизбалансирано е скопското водоснабдување. Овде иако има намалување на цената на водоснабдувањето и канализација за 2,68 отсто сепак од идната година се воведува нова давачка за прочистување на отпадните води, поради која ќе се зголеми крајната сметка.

„Се скопскиот регион, Водовод и канализација има три тарифи во снабдување, собирање и одведување и прочистување. Прочистувањето ќе се воведе од 2018 година. Бараат намалување за –  1,82, нашето решение утврдува – 2,68. Генерално поевтинува  2.68  додека не се воведе тарифата за прочистување  “,вели Димитар Петров – претседател на Регулаторна комисија за енергетика

ЈПХЦ Злетовица Пробиштип побарале 499,94% поскапување РКЕ предложила зголемување 4,75%
ЈКП Комуналец Струмица  побарале зголемување 10,69%, РКЕ предлага  зголемување од 8,1 %
ЈКП Комуналец Гостивар бара намалување за 2,55% , а РКЕ предлага намалување за 26,71 %
ЈКП Комуналец Тетово бара намалување за 13,22 %, а РКЕ предлага намалување за 20,10 %

Хидросистемот Злетовица кој е снабдувач со сурова вода побарал енормно поскапување од дури 500 отсто, а регулаторна предложила зголемување за само 4,75 отсто. Поголема цена за над 10 отсто бара и Комуналец Струмица, а регулаторна предлага зголемување од 8,1 отсто. Во Гостивар пак јавното комунално претприатие бара намалување на цената за 2,55 отсто, а регулаторна предлага намачување на цената за над 26 отсто. Намалување од 13,22 се бара и во Тетово, а предлогот на комисијата е тоа да биде 20 проценти.

При утврдувањето на цените на водните услуги Регулатрона Комисија внимавала да не го надмине прагот на достапност од 3 проценти од просекот на приходите во домаќинствата.

извор: www.24vesti.com.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here