Вчера во полициската страница Групчин е пријавено дека во областа кај селото Стримница е најдено безживотно машко тело на возраст од околу 40 години.
Од страна на СВР Тетово во присуство на јавен обвинител и лице од Судска медицина е направен увид на местото на настанот при што е констатирано дека во бездната покрај патот помеѓу село Стримница и село Желино е пронајден машки труп од непознато лице на возраст од околу 40 години.
Првично е констатирано дека на телото нема видливи траги на насилство, по што со наредба од Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Истрагата е во тек