Дома Македонија Вести Алармантни статистики во Македонија на денот на лицата со попреченост и посебни...

Алармантни статистики во Македонија на денот на лицата со попреченост и посебни пореби

553
0
АКЦИЈА

3ти Декември е Интернационален ден на лицата со попреченост и посебни потреби

Според статистиката на Светската здравствена организација, во Македонија 10% од населението или околу 200.000 жители се лица со попреченост и посебни потреби (имаат психичка или физичка попреченост или во најлош случај и двете).

Државата се труди да создава решенија за нивно полесно вклучување во социјалната средина и лесно да ги извршува сите активности. Областите се преку образование, вработување, домување и социјална заштита на лица со посебни потреби, но особено треба да се даде нагласок на здравствената заштита. Современите медицински и други науки во голема мера можат да им помогнат на овие луѓе да го развијат својот потенцијал и извонредни способности и да станат активни членови на општеството.

Во Македонија, видот и нивото на физичкиот или менталниот развој се регулирани со Правилникот за проценка на специфичните потреби на лицата со телесна или ментална попреченост. Според овој правилник се категоризираат пречките на лушето. За да се обезбедат услови за нивно вклучување во општеството, државата обезбедува посебна заштита. Формата на заштита е дефинирана со Законот за социјална заштита, Законот за здравствена заштита, Законот за еводемцока вп здравството во Република Македонија и усвојувањето на Законот за користење на говорниот јазик и Законот за инвалидски организации. Во законската регулатива на Македонија, исто така, постојат Законот за работни односи и Законот за вработување на лица со инвалидност.

Нашата земја постојано инвестира во конкретни програми за овие луѓе и промовира пристап до услугите. Овие политики и програми треба да обезбедат активно вклучување на лицата со посебни потреби, да ги разберат нивните вистински потреби.

Овие програми и активности треба да се одржуваат, постојано работат на подобрување на здравствената заштита кога станува збор за лицата со посебни потреби. Сите граѓани треба да помогнат во вклучувањето на лицата со посебни потреби во секојдневниот живот, без разлика дали тоа е највисокото ниво на здравствена заштита или помош на лице со попреченост за преминување на улицата, за да се качи на автобусот. Само со заеднички напори ние ќе успееме да ја направиме земјата подобар место за овие луѓе. Изјавија од иститутот за здравствена заштита.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here