Дома Магазин Едно подобро “утре”

Едно подобро “утре”

490
0
АКЦИЈА

Се на земјата малку по малку мора да се менува и тоа пред наши очи. За ден, два, дваесет, триста или илјада години, – и, не се работи за рокови, се работи за среќа.

Ако ние сме некаде далеку, нема да сме учесници во тој живот, но ние живееме сега и овде. Работиме, патиме, ние го создаваме нашето “утре” и само ние сме единствени креатори на сопствената среќа.

Никој од нас не може да се врати назад, но сите ние можеме да одиме напред.

Ако нешто можеме да направиме за себе, тоа е да бидеме подобри во следното “утре”. Јас би направил да изгледа поинакво од тоа што го сакав вчера.

Ќе те однесам тебе на местата на кој што сакав мене некој да ме однесе. Ќе се смеам дупло повеќе отколку што се смеев со сите околу мене до сега, за да се смееш и ти, да видиш и да сфатиш дека во еден човек се крие многу повеќе од тоа што површно можеш да го забележиш. Ќе те натерам да ме слушаш и да ми ги засакаш зборовите. Толку многу да ги засакаш, што секој нареден ден ќе ти биде чуден без нив.

Ќе ги прегрнам сите што на моменти ми се толку многу далечни и студени. За да почувствуваат топлина. Да почувствуваат сигурност.

Би частел еден обичен питач од улица ручек. Би ги купил сите влажни марамчиња на дебелото детенце што продава на Кеј затоа што многу итро знае да ти продаде барем едно пакетче од нив. Би ги посвоил сите дечиња оставени по домови. За роденден би им подарил дрвени музички кутии и стаклени снежни топки. Би ги вдомил сите улични кучиња и мачки за да не им биде ладно преку зимата.

Со затворени очи би гледал како се што сакам станува реалност. И тогаш нема да заспијам. Ако заспијам знам дека ќе сонувам, а што повеќе сонуваш, поголеми е шансите тие сонови и да не ти се остварат, и тоа “утре” воопшто да не дојде кај мене, и ти да си заминеш, и сите да останат студени.

Сите можеме да бидеме подобри од денес. Да сакаме затоа што животот е поубав кога има со кој да си поделиш и радост и насмевки и преградки и тага.

Животот е еден, а ние не сме вечно млади. Еден ден ни време ќе има, ни нас ќе не има! 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here