Дома Македонија Кој ќе го наследи Никола Груевски и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе има нов...

Кој ќе го наследи Никола Груевски и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе има нов лидер?

1657
0
АКЦИЈА

По закажувањето на вонредниот партиски конгрес на 23ти Декември оваа годинa, во јавноста веќе почнаа да се шпекулира за името на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Некои истакнати членови од партијата во изминатиот период имаа изјави со кои генерално го отцртаа профилот на идниот лидер кој би ја превземал лидерската позиција. Но сепак не е за потценување и поддршката која актуелниот лидер, Никола Груевски сеуште ја ужива кај членството и делегатите кои ќе расправаат за неговата оставка на конгресот.

Според актуелната ситуација и позицијата на партијата особено ако се земе во предвид меѓународната соработка и подршка, повеќе од јасно е дека новиот лидер и раководство сериозно ќе треба да работи на ова поле. Не е случајно што токму имињата на двајца поранешни министри за надворешни работи се во игра за претседателското место. Никола Поповски и Антонио Милошевски.

Ако се споредат овие два кандидати Антонио Милошевски е еден од ретките кои опстојува во раководните структури уште од “старото ВМРО” и е мост на генерација од времето на Љубчо Ѓоргиевски па се до денес.

Никола Поповски со своите активности се вклучува многу подоцна иако неговиот придонес во меѓународната соработка неможат да се занемарат. Нај заслужен за соработката со новоизбраниот премиер на Австрија, Себастијан Курц, како и со унгарските власти.

Христијан Мицковски, актуелниот секретар на партијата кој во доста турболентно време ја превзема оваа функција, беше носител на листата на советници за град Скопје, по што се повлече. Екс дирекорот на АД ЕЛЕМ Мицкоски е млад, перспективен кадар на Партијата. Неговото досегашно богато работно искуство е надополнето со преку 100 научни трудови, а добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации. Партиципирал во изработка на редица меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.

Во комбинација се споменуваат и Никола Тодоров и Илија Димовски,

Спиро Ристовски одпаѓа затоа што е назначен за организатор на конгресот и изборот за нов лидер.

Постојат и шпекулации дека Никола Груевски можно е да ја задржи претседателската фунција ако на конгресот, делегатите повторно му ја дадат подршката. Сепак нашите извори од партијата не информираа дека по 23ти Декември ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ќе има нов претседател.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here