Дома Магазин Ријана доби улица со нејзино име во Барбадос

Ријана доби улица со нејзино име во Барбадос

477
0
АКЦИЈА

Музичката суперѕвезда Ријана од секогаш ја истакнуваше својата поврзаност и љубов кон мајчиниот Барбадос, но властите од прекрасниот остров сега направија уште еден чекор за да го наградат нејзиниот придонес за земјата.

Овој викенд, Барбадос официјално го преименуваше Westbury Road во Ријана Драјв. Ријана пристигна на церемонијата на пуштањето во употреба на улицата во “светло-жолта тоалета”, со која изнуди воздишки и аплауз за добредојде од толпата.

🇧🇧🇧🇧🇧🇧

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Седеше веднаш до премиерот Фројдел Стјуарт, и се дружеше со владини претставници, и угледни граѓани од Барбадос, но и со обичните луѓе кои дојдоа на церемонијата.

Двочасовната церемонија беше обележана со пофалби до пејачката, добитник на Греми наградата и вклучуваше настапи од соседното основно училиште Вестбери и други танцови групи од Барбадос.

“Добредојдовте во Ријана Драјв – мојот дом”, рече таа. “Целиот мој живот беше оформен на оваа улица. Бев само мало девојче кое возеше велосипед, трчаше боса и го леташе змејот кога дуваше ветер, но имав големи соништа. Сонови што се родени и реализирани токму тука. ” “Ми благодарам на моето семејство, мојата земја и народот на Westbury New Road”, продолжи таа. Вие засекогаш ќе бидете дел од тоа што сум јас  и за тоа чест ми е што го ова место е именувано по мене.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here