Дома Македонија Вести Потпишан договор за соработка помеѓу Македонија и Косово за преземање лица со...

Потпишан договор за соработка помеѓу Македонија и Косово за преземање лица со незаконски престој

502
0
АКЦИЈА

Целта на потпишувањето на Договорот за преземање на лица со незаконски престој е зајакнување на соработката заради поефикасна борба против илегалната миграција. Преку овој Договор и врз основа на реципроцитет да се утврдат брзи и ефективни постапки за идентификација на безбедно и уредно враќање на лица кои не ги исполнуваат или повеќе не ги исполнуваат условите за влез или законски престој на териториите на Република Македонија или Република Косово и да го олеснат транзитот на таквите лица во духот на добрата соработка. Во овој Договор и Протокол се утврдуваат постапката и начинот на преземање на државјани на двете земји, преземање на државјани на трети држави и лица без државјанство и нивното транзитирање, како и органите и гранични премини на двете земји надлежни за спроведување на истите.

-Соработката меѓу двете министерства е добра и постојат услови таа да биде продлабочена во наредниот период за полесно справување со криминалот, корупцијата, трговијата со луѓе, оружје итн. Генерално, глобалните предизвици кои што ги имаме сите, не ги одминуваат и наште две држави. Само преку заедничка соработка можеме да имаме безбеден регион.

-Потпишавме и Протокол за прекугранично константно гонење, што е исклучително важно за гонење на лица кои учествуваат во криминални активности за да не можат да бараат засолниште во едната или во другата држава- рече министерот Спасовски.

Министерот Сефај оцени дека односите меѓу двете земји се одлични и дека имаат заеднички приоритети како што е борбата против тероризмот, насилниот екстремизам, но и против трговијата со оружје и човечки органи.

-Денешното потпишувањето на дговорот и протоколите ќе помогнат во борба против негативните појави во регионот. Имаме подготвени и други договори и јас го поканив мојот колега да дојде во Приштина да ги потпишеме- рече министерот Сефај.

На прашања од новинарите во врска со потерниците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, членови од групата која беше инволвирана во Монструм и кои успеаа да ја поминат границата и да пребегаат во Косово. Двајцата министри велат дека денеска не разговарале на оваа тема.

Двајцата министри исто така одговорија дека немало дискусија ниту во врска со палењето и сквернавењето на Македонското Знаме,

Имено, во Република Косово во неколку наврати во минатото имаше случаи каде што лица јавно го палат и сквернават Македонското знаме, до сега во ниту еднен наврат не е понесена кривична одговорност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here