Дома Здравје Грејпфрут како најсилен природен антибиотик

Грејпфрут како најсилен природен антибиотик

788
0
АКЦИЈА

Грејпфрут (Cirtus paradisi) претставува тропска билка од фамилијата на аргуми со горчлив вкус. Тоа е зимзелено дрво кое вообичаено расте до 6 метри. Плодот е светло жолт до зеленкаст, а постои и сорта која е црвена.

Грејпфрутот, односно екстрактот од семките (цитрофит), претставува најјак достапен природен антибиотик кој уништува широк спектар на микроби, вклучувајќи ги вирусите, бактериите и габичните инфекции. Има и антиоксидативно делување. Богат е со витамин Ц, содржи витамин А, Б, Д, Е, како и калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо. Исто така содржи голема количина на полифеноли, биофлавоноиди (60-70%), поради кои делува позитивно на здравјето. Наригенин, кој се наоѓа во грејпфрутот, има позитивно дејство врз оштетените ДНА молекули кај тумор на простатата. Поправање на оштетената ДНА е еден од главните одбранбени механизми против ракот, затоа што ги отстранува потенцијалните канцерогени супстанци.

Грејпфрутот делува на следните начини:

  • Го намалува нивото на холестеролот во крвта
  • Превенција од грип и настинка
  • Третман на акутни и хронични воспаленија
  • Помага во третманот на гастроинтестинални инфекции
  • Идеален е за испирање на устата, добар е против формирање на наслаги на забите и против кариес
  • Помага при болки во ушите и нивно хронично воспаление
  • Помага во борба против слободните радикали (антиоксидативно)
  • Ја помага работата на црниот дроб и ги зајакнува артериите

Иако грејпфрутот има доста позитиви делувања на нашиот организам, ако се зема во комбинација со некои лекови, може да доведе до појава на низа несакани ефекти.  Оваа интеракција претставува класичен пример на интеракција помеѓу храната и лековите. Сокот од грејпфрут, како и препаратите кои содржат грејпфрут, го инхбираат ензимот CYP3A4 (ензим со кој се метаболизираат најголем број на лекови во организмот) и ја менуваат биорасположливоста на лекот. Некои студии покажале дека биорасположливоста била двојно зголемена, иако сокот од грејпфрут е консумиран и 12 часа претходно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here