Дома Свет Исток Путин повторно ќе се кандидира за претседател на Русија

Путин повторно ќе се кандидира за претседател на Русија

523
0
АКЦИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат во 2018 година. Тој ги објави своите изборни планови на состанокот со ветераните и работниците од автомобилската фабрика ГАЗ.

“Да, јас ќе се кандидирам за претседател на Руската Федерација”, рече Путин.
“Русија ќе се движи само напред и во овој поглед ништо и никој нема да го спречи тоа”.

Секако, основата секогаш ја поставуваат обичните луѓе како вас, сржта ја содржат работниците, научниците, инженерите, дизајнерите, наставниците и лекарите”, истакна тој додавајќи такви луѓе “не се само столбот на нашата земја, но тие се нашата земја, тие се Русија. ”

“Со активно учество на луѓе како вас, ние ќе ги решиме сите, дури и најтешките задачи со кои се соочуваме”, изјави тој на собирот.

Тековниот мандат на Владимир Путин истекува на 7 мај 2018 година.
Во 2018 година, Путин ќе учествува во претседателските избори по четврти пат. Во случај на победа, тој ќе остане на функцијата шеф на државата шест години, од 2018 до 2024 година.

Претстојните избори во Русија треба да се одржат на 18 март 2018 година. Советот на Федерацијата ќе го објави датумот официјално помеѓу 8 и 15 декември.

извор: www.tass.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here