Дома Магазин Се менуваш, растеш или пак создреваш?

Се менуваш, растеш или пак создреваш?

352
0
АКЦИЈА

Секогаш успевав во се што ќе замислaм во својата глава. И нема зошто повеќе да се грижам за мислењето на други луѓе кое сфатив дека не е воопшто важно. Важна сум само јас. Живеам за себе и продолжувам напред. Така како што му доликува на еден човек кој се вреднува себе си повеќе од другите, човек кој ги носи сам своите одлуки. Одлучноста е баш таа која те држи во живот. Способноста е таа која ја нема секој. Но, јас имам нешто повеќе  од способност и одлучност. Јас имам желба за живот. Онаков каков што посакувам одсекогаш. Ќе го создадам.

Исчезнал немирот, оној кој те правел среќен и тажен истовремено. Слобода доволна за понатаму. Таму напред те чека нешто ново, нешто сосема поинакво. Чувство на вистинска среќа, Почит кон себе си, Мудрост, Трпеливост, Истрајност, Жртвување и сето тоа скриено во тебе. Скриено во секој човек. Предобар за другите, а лош за себе си или обратно. Навикнуваш на се. Човекот е грешник, ќе си помислиш и ќе продолжиш, бидејќи и ти си грешел. Можеби и се уште грешиш, но сега учиш на твоите грешки, затоа што знаеш дека човек учи додека е жив. Промена за себе си, промена и за другите. Неочекувано си се променил, не се препознаваш повеќе. Се менуваш, растеш или пак создреваш.

Се што те туркало кон бездната, сега ти го туркаш кон неа. Продолжуваш со крената глава бидејќи немаш повеќе вина, ниту пак грижа на совест. Како малкуте вистински луѓе си станал. Знаеш што можеш и што не можеш. Си ги знаеш границите, а богами и вредностите. А некогаш си бил спремен на се, но не повеќе. Повеќе не се плашиш од никого. Не се плашиш од ништо, а најмалку сопствениот глас. Гласот кој одекнуваше во позадина. Оставаш да те води. Ти можеш да успееш. Обиди се повторно. И се обидуваш. И успеваш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here