Дома Uncategorized Денес Централениот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучува за оставката на Груевски

Денес Централениот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучува за оставката на Груевски

582
0
АКЦИЈА

Попладнево Централниот Комитет на најголемата Македонска политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за оставката на досегашниот лидер на партијата, Никола Груевски. На седницата денеска треба да се потврди одлуката за вонреден конгрес на партијата што ќе се одржи во Валандово на 23 декември.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја образложи оставката, а членовите на централниот комитет ќе гласаат за прифаќање или пак против.

За кормилото на партијата и понатаму се шпекулира со кандидати, прв се огласи Филип Петровски кој ја најави својата кандидатура, а неофицијално се споменуваат и имињата на Никола Попоски, Христијан Мицкоски, Никола Тодоров, Антонио Милошвски, Илија Димовски, Влатко Ѓорчев.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here