Во близина на основното училиште Лазо Трповски, позади трговскиот центар “Лептокарија”, во еден од парковите позади зградите била обесена жена.
Глетката била ужасна, а на местото на настанот биле насобрани и многу деца, за кои вчерашниот настан претставува шок. На лице место, биле излезени и екипи од Министерството за внатрешни работи и судска медицина. Се утврдуваат причините.
Жители од Скопската населба Карпош 3, на социјалните мрежи ја опишуваат страшната глетка која ја забележале околу девет часот, објави порталот Скопје 24.