Дома Магазин ЗАЉУБИ СЕ

ЗАЉУБИ СЕ

1197
0
АКЦИЈА

Заљуби се во некој кој ќе ти биде најдобар пријател и љубовник истовремено. Кој со тебе доцна навечер ќе јаде чоколадо. Кој со тебе долго ќе разговара за било што.
Заљуби се во некој што ќе те насмее, со некој што можеш да се забавуваш како да сте деца, гордо и неуморно ќе те држи за рака.

Заљуби се во некој кој ќе ги прифати твоите маани, кој ќе направи да се чувствуваш вредно, кој ќе се бори за тебе и покрај потешкотиите што доаѓаат во животот. Oној кој ќе ја разбере твојата лудост и твоите не промислени однесувања. Во оној кој ќе те смири кога ќе се чувствуваш вознемирено. Оној кој со тебе ќе разговара полн со љубов после долгата расправија.

Заљуби се во некој што ќе го цени твојот труд и ќе ти даде поддршка во реализирањето на твоите цели. Кој на крајот на денот ќе биде до тебе. Кој ќе вози со часови за само да ја види твојата насмевка. Заљуби се во оној кој секогаш ќе биде до тебе што и да се случи.

Заљуби се во некој чии бакнежи ќе направат да се чувствуваш најпосебно во светот, ќе направи да почувствуваш ерупција на сензуалност, и наутро штом ги отвориш очите да ја погледнеш најубавата порака за почеток на денот.

Заљуби се во некој што ќе ти прости. Кој секој ваш момент ќе го направи момент за паметење. Кој ги одржува своите ветувања. Заљуби се во оној што ќе те почитува и тебе и твоите животни одлуки.
Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа и твоето тело. Кој ќе ги избрка сите твои грижи, солзи и сомнежи. Во оној кој секогаш ќе те разбере и сите твои промени. Заљуби се во некој кој ќе те направи среќна личност, кој ќе те задоволи и секогаш позитивно ќе те изненади.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here