Шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини в понеделник ќе ги собере лидерите на шесторката од Западен Балкан, меѓу кои и Зоран Заев, на неформална работна вечера во Брисел.
Премиерите на Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и на Косово се повикани на неформална работна вечера, на која ќе се дискутира за развојот на регионот и напредокот кон Европските интеграции.
Пред вечерата Могерини ќе оствари индивидуални средби со сите претставници од регионот.