Дома Свет Европа (Видео) Ангела Меркел: “Мултикултурализмот е ноторна лага и целосен неуспех, тој концепт...

(Видео) Ангела Меркел: “Мултикултурализмот е ноторна лага и целосен неуспех, тој концепт пропадна целосно“

519
0
АКЦИЈА

Германската канцеларка Ангела Меркел во саботата одржа говор на конвенцијата на својата Христијанско-демократска унија и доби овации поради политиката кон бегалците, иако дел од присутните беа инзненадени од изјавата.

-Мултикултурализмот води кон паралелни општества и затоа останува ‘ноторна лага’, или измама“, изјави канцеларката.

Иако за дел од јавноста ова може да изгледа како изјава некарактеристична за Меркел, таа всушност само го повтори или се врати на својот став од 2010 година, кога мултикултурализмот го нарече „целосен неуспех“.

„Нормално, постои склоност да се каже „ајде да го усвоиме концептот на мултикултурност и да живееме среќно едни покрај други и да бидеме среќни што живееме едни покрај други“. Но тој концепт пропадна, тој пропадна целосно“, изјави Меркел пред пет години.

Нејзиното повторување на овој став беше насочено кон оние членови на партијата што се сѐ позагрижени поради постојаниот прилив на бегалци.

Логично дека оваа порака треба да стигне и до земјите кои веќе ги затегнаа односите во Еврпската Унија околу планот за имплементација на бегалците. Австрија, Унгарија, Чешка, Полскла веќе категорично го отфрија планот за бегалците и формираа блок кој е целосно против.

Меркел по најновото отфрлање на мултикултурализмот истакна дека дојденците треба да се асимилираат, да ги прифатат германските вредности и да ги почитуваат германските закони. Таа објасни дека за неа создавањето на изолирани општества во Германија претставува неуспех во интеграцијата на емигрантите. Нејзината официјална политика треба да спречи создавање предградија во кои емигрантите се изолирани под остатокот од општеството, како што тоа е случај со делови од Париз или бриселскиот кварт Моленбек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here