Дома Македонија Закажана средба за 14часот Заев-Села, последен обид за останување на Алијансата за...

Закажана средба за 14часот Заев-Села, последен обид за останување на Алијансата за Албанците во владината коалиција

526
0
АКЦИЈА

Ќе остане ли Зијадин Села коалициски партнер на Зоран Заев во Владата- Одговорот на ова прашање ќе биде појасно по денешната средба, која партиски извори велат ќе биде во Владата во 14 часот.

Села треба да пресече како ќе делува Алијансата отккао Заев во министерството за здравство реши да го кандидира Венко Филипче, а во понудата на Села од владата најавија дека ќе биде на маса вицепремиерско место  и најверијатно заменичко во здравство.

Од Алијансата до последен момент порачуваа дека минситерството за здравство е нивно, неофицијално не се икслучува на деншниот состанок Села да оди со контра понуда- односно да побара позиции кои според него треба да бидат со иста тежина како изгубеното министерство

И додека се чека исходот од денешната средба, Али Ахмети во интревју за тв 21 уште синоѓа индиректно му порача на Села  дека не му  е местото во Влада.

Извор: www.24vesti.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here