Дома Магазин Интервју: Елена Копаноска, Фитнес убавица од Прилеп

Интервју: Елена Копаноска, Фитнес убавица од Прилеп

6301
0
АКЦИЈА

Елена Копаноска е 24 годишна девојка од Прилеп со огрмона страст кон фитнесот. Таа е инструктор во фитнес клубот Професионал и веќе 4 години се занимава со овој спорт. Полека но сигурно со тек на време една обична рекреација прераснува во страст и порфесионална посветоност. Нејзините облини едноставно предизвикуваат воздишки.

Ја посетивме Елена во теретана и разговаравме за нејзините почетоци, љубовта кон овој спорт и кои се нејзините планови за во иднина.

  1. Кога се појави интерес кај тебе кон овој спорт?

Сосема спонтано, од секогаш им се восхитував на луѓето со убава фигура, оние кои се грижат за својот изглед и тело.

  1. Кога прв пат почна Елена да се занимава со фитнес и кој е виновен за вашите почетоци?

Прв пат стапнав во теретана со еден мој другар пред четири години. Тој веќе подолго време беше редовен во неговите тренинзи, резултатите кај него и на неговата фигура ме натераа да отидам со негои да пробам. И онака во тој период немав некои посебни обврски и некако ми беше потребна физичка активност. После првиот тренинг, таа убава болка во мускулите  ми беше јасно дека ова е тоа што ми недостигаше.

  1. Од каде ја црпиш инспирацијата?

Инспирацијата ја црпам од самата од себе, истрајноста е една од најважните особини во овој спорт, знам дека ја имам. Многу често пријателите ме прашуваат до каде планирам да одам во обликувањето на моето тело, но јас секогаш сметам дека можам повеќе и подобро, никогаш не сум задоволна.

 

  1. Колку време беше потребно за првите видливи резултати, што препорачува Елена?

Знаеме дека резултатите се различни кај секоја личност. Кај некој се видливи за пократко време, кај некој е потребно подолг временски период. Зависи од метаболизмот, биоритамот, како и од тоа колку пати тренирате во текот на неделата и колку ќе бидете упорни во вежбањето и секако да не ја заборавиме исхраната.

 

  1. Како и почнува денот на Елена? Исхрана и вежбите

Па станувам прилично рано, тоа ми е веќе навика. Секое утро пијам цеден лимон со топла вода и потоа појадувам. Оброците сабајле ми се лесни, но енергетски (мед, мусли,урми, бадеми, ореви) Бидејки работам во фитнес центар практикувам мојот сет вежби да го изработам од сабајле. Вежбам секој ден, вежбите ми се поделени во мускулни групи така секој ден работам вежби за различен дел од мускулите на телото. Програмата и распоредот на вежбите е многу битен за правилен развој на телото.  Потоа им посветувам внимание на посетителите на фитнес центарот.

 

  1. Што е најважно во фитнесот за една дама?

Еве ќе тргнам од самата себе. Кога влегуваш во теретана сите промблеми и обврски ги оставаш пред вратата. Фитнесот е она што ме исполнува и ги советувам сите девојки да издвојат барем 45 минути од денот и да го посветат на самите себе и на своето тело. Физичката активност го подобрува изгледот, самодовербате и се разбира здравјето.

  1. Колку е важна исхраната, ќе ни каже ли Елена што е потребно за вакава завидлива фигура?

Правилната исхрана е една од најважните работи за постигнување на видливи и ефектни резултати. Храната што ја консумираме мора да соодветствува на тренажниот порцес. Вежбањето и исхраната се поврзани затоа задолжително мора да се внимава. Не велам да броите внесување на калароии, но сепак треба да се откажеме од некои задоволства од нашето секојдневие. Се што треба е силна желба и истрајност и да можете да оддолеете на благите работи, белите пецива, брзата храна и алкохолот.  Зацртајте си цел во вашата глава, треба да знаете што сакате да постигнете со самите себе и кон што целите.

 

  1. И годат ли комплименти и импресии? За време на вежбање или надвор од теретаната?

Хаха, на кого не му годат комплименти и импресии, сепак јас сум една обична девојка. Не обраќам внимание многу додека вежбам дали ме гледаат или не, впрочем не се сеќавам кога последен пат некој ми пристапил да ми подели комлимент додека вежбам. Луѓето со кој сум секјдневно опкружена се професионалци и знаат колку време и труд вложувам за да изгледам така како што изгледам, но не мислевте на такви комплименти и имресии нели ?! Затоа пак на социјалните мрежи (Инстаграм, Фејсбук) машките не штедат на зборови и комплименти. Таму некако се најсилни и нај самоуверени

  1. Елена изгледаш прекрасно, дали размислуваш ли за натпреварување

Прво кога почнав со вежбање, воопшто не ни  мислев дека ќе стигнам до тука. Мојот план тогаш беше рекреација и сопствена сатисфакција. Сега веќе е сосма друго, имам неколку понуди и сериозно размислувам. Поддршката од дома и најблиските ја имам така да ништо чудно во блиска иднина да се видиме на сцената, има време не се брзам, сепак би сакала да ја крунисам со медал или титула мојата напорна работа.

 

  1. Што би ни порачала за крај

Дефиниција за физичка убавина не постои исто како што не постои и најубава личност. Совршенството е скоро невозможно да се постигне, но удобност во својата кожа и форма не прави многу посреќни и самоуверени.

Во продолжение погледнете ја целата фото галерија на Елена Копаноска

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here