Дома Македонија Вести Притвор и за Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо

Притвор и за Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо

1712
0
АКЦИЈА

Кривичниот суд во отсуство на бараните, Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо и уште на две лица кои се недостапни им одреди притвор во времетраење од 30 дена. Овие лица се поврзани со упадот  во Собранието на 27 април.

Решението за 30 дневен притвор било испратено до Обвинителството за организиран криминал, а полицијата треба да распише потерница.

Во меѓувреме, Обвинителството побарало да му се продолжи притворот на екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, бидејќи едномесечната мерка му истекува за три дена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here