Дома Македонија Илија Димовски се повлече, Влатко Ѓорчев нов координатор на пратеничката група на...

Илија Димовски се повлече, Влатко Ѓорчев нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

1124
0
АКЦИЈА

Досегашниот координатор Илија Димовски, на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ во парламентот, вчера поднел барање се повлекување од таа позиција, потврдуваат пратеници на оваа партија. Нов координатор ќе биде Влатко Ѓорчев, а таа позиција се очекува да биде официјализирана денеска. Илија Димовски вчера не беше достапен да ја образложи одлуката, која уследи непосредно по несогласувањата за конгресот на партијата и изборот на новиот претседател за кој Димовски и голем број партиски членови бараа одложување, но Извршниот Комитет не им го прифати тоа барање.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека вчера во парламентотот Димовски самиот им соопштил дека во наредниот период повеќе нема да биде координатор на пратеничката група, дека одлуката ја донел саминицијативно и без никакви притисоци, и на сите им се заблагодарил за досегашната соработка.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево ќе решаваат дали ќе го следат годишното обраќање на претседателот Иванов, а во наредните денови – и дали ќе се вклучат во работата на парламентот, која досега ја бојкотираа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here