Дома Македонија Вести Македонија гласаше потив одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим за главен...

Македонија гласаше потив одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел

541
0
АКЦИЈА

Во пресет на изборот на претседетел на опозициската партија викендов во Валандово како главна и ударна вест, на мала врата се премолчи гласањето на Генералното собрание во Обединетите Нации во врска со резолуцијата за признавање на Ерусалим за главен град на Израел на која што Република Македонија гласаше против.

Гласањето во Генералното собрание било свикано на барање на арапските и муслиманските држави, откако САД како постојана членка на Советот за безбедност во понеделникот стави вето на таа резолуција. Но гласањето се одржа, а за неа гласале вкупно 128 држави, девет биле против, а 35 биле воздржани.

Гласањето се одржа во тензична атмосфера а претседателот на САД, Доналд Трамп најави санкции и намалување на финанскиската поддршката за земјите кои ќе ја подржат оваа резолуција.

– Ајде да видиме кој ќе ја поддржи оваа резолуција, ќе ни олесни и придонесе да заштедиме пари кои залудно ги трошиме во некои земји. Изјави Трамп

Република Македонија исто така гласаше за резолуцијата со што директно се спротистави на ставот САД и Израел.

Република Албанија исто така гласаше за резулицијата, по што оваа одлука наиде на несогласувања и преписки помеѓу претседателот на Албанија, Илир Мета и премиерот, Еди Рама.

Албанскиот претседател Илир Мета го обвини премиерот Еди Рама дека гласањето на Тирана во ООН против одлуката на американскиот преседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, е одлука која не е донесена од страна на надлежните институции.

Мета изјави дека за ставот на Албанија во ООН, воопшто не бил консултиран и додаде дека тоа е одлука на премиерот Рама. Мета смета дека гласањето на Албанија против САД е на штета на Албанија, бидејки САД е стратешки партнер на Албанија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here