Дома Uncategorized Стефан како Стефче? Нови 95  вработувања во Општина Карпош?

Стефан како Стефче? Нови 95  вработувања во Општина Карпош?

2362
0
АКЦИЈА

 

Во изминативе два месеци од општина Карпош беа отпуштени 104 лица со привремен работен однос. Меѓу нив искусни правници, архитекти, економисти, инжинери и кадар кој се обучувал повеќе години за административна работа преку семинари и обуки. Отпуштени беа жени вдовици, самохрани мајки, негувателки од градинки, учителки, хрнично болни лица и други кадри. Нај бездушно е отпуштањето на лица кои живеат сами и без друг алтернативен приход, без никаква најава и подговотвка, преку ноќ со смс порака.

Градончалникот Стефан Богоев повеќе пати даде изјава во јавноста дека општината е превработена и дека буџетот на општината е оптеретен и во незавидна кондиција.

Превработената општина, на вчерашната седница на совет, усвои буџет за времени вработувања кој е намалена само за 2 милиони денари во однос на лани. Во времето на Јакимовски буџетот за времени вработувања изнесуваше 40 милиони денари, а сега буџетот на Богоев е намелен на 38 милиони денари.

Ако просечната бруто плата на еден адниминстративен работник изнесува 20 илјади денари, помножено со 12 месеци во годината изнесува 240 илјади денари, ќе дојдеме до заклучок дека намалувањето во буџетот за времени вработувања од 2 милиони денари го намалува фондот за плати за само 8 до 9 лица.

Останува да видиме дали ќе бидат пополнети останатите 95 работни места од избрканите 104 лица.

Богоев тврдеше дека општината броела 430 лица вработени, според пресметката сега ќе брои 421 лице.

Тоа значи дека избрканите 104 лица воопшто не ја оптеретувале општинската каса, туку се отпуштени исклучиво од политички причини, а со овој буџет ќе се вработат нови стотина души по партиска линија од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here