Дома Македонија Тензична расправа во советот на општина Центар за 500.000 евра за К.К....

Тензична расправа во советот на општина Центар за 500.000 евра за К.К. Работнички, Богдановиќ манипулира?

832
0
АКЦИЈА

Инфоњуз дознава дека на последната седница на советот на општина Ценар, новиот градоначалник Саша Богдановиќ бил остро критикуван, за издвоените 500.000 евра за К.К. Работнички.

Финансискиот извештај од К.К. Работнички им бил ветен на советницте дека ќе им биде презентиран и приложен за увид, но тој ги изиграл. Дел од советниците во општина Центар упатиле критиката и на претходната седница зошто толку многу пари се дава на Работнички,тој во образложението се правдал и навел други клубови кои имале поголеми буџети, а наводно не плаќале струја, вода и за користење на спортските сали, дополнително и добивале пари од јавните претпријатија затоа што биле блиски со претходниот режим.

Некои од советниците се потрудиле, па ги провериле неговите тврдења дека другите клубови имале бенефиции и дека не плаќале одредени обврски и режиски трошоци и дали навистина добивале пари од јавни претрпијатија. Проверените факти говореле дека тврдењата за клубовите кои Богдановиќ ги посочил како привилегирани била целосна лага, затоа што сите клубови имале исти обврски и режиски трошоци и никој не добивал право на користење спортски сали бесплатно.

Во проверката дојдовме и до сознание дека КК Работнички добил 40.000 евра од А.Д. МЕПСО и тоа пред само 15тина дена, а тој приход Богдановиќ го прикрил од советниците.

Целта на Богндановиќ да докаже што помали трошоци кај другите клубови и дополнителни трошоци на Работнички биле за да ја оправда големата сума од 500.000 евра што општината ќе му ја дадае на клубот од Градски Парк.

Некои од советниците велат, таму не се знае кој пие кој плаќа. Една банда се навивачите и постојано земаат пари од клубот, втора тренерите, а трета дел од управата. Веројатно и затоа се слабите резултати на Работнички во изминатите 4 години. Играчкиот ростер е слаб, а се прикажуваат високи плати за играчите, уште поголеми за тренерите, а буџетот на клубот е оптеретен.

Затоа и Работнички должи како што вели тој 150.000 евра, веројатно заради недомаќинското работење во изминатиов период.

Колку во ова е вмешан Богдановиќ ќе се види во наредниот временски период.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here