Дома Македонија Вести (ВИДЕО) Пајак на „Општина Центар“ оштети две бандери во Дебар Маало

(ВИДЕО) Пајак на „Општина Центар“ оштети две бандери во Дебар Маало

848
0
АКЦИЈА

Службите на „Паркинзи на Општина Центар“, собирајќи непрописно паркиран џип, утрово собориле две бандери и кабли во Дебар Маало.

Граѓаните реагираат дека им се во прекин врските. Очевидци за „Макфакс“ велат дека едната бандера е откорната од корен, а втората е искршена. „Сите кабли се искинати“, велат очевидци.

Според жителите на ова градско подрачје, немаат интернет-конекција и телефон, а напојување за струја добиле. Очевидците велат дека паркинзите на ПОЦ се преполни, а на Грдаски паркинг зјаат празни.

Извор: www.makfaks.com.mk

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here