Дома Здравје рекреација Чувајте куче, може да ви го продолжи животот!

Чувајте куче, може да ви го продолжи животот!

524
0
АКЦИЈА

Според истражувањето направено во Scientific Reports, чувањето куче навистина може да ви го продолжи животот.

Еден тим истражувачи го следеле здравјето на над 3,4 милиони луѓе со кучиња. Тие биле на возраст од 40 до 80 години, а истражувањето кое треаело 12 години започнало во 2001 година. Ниту еден од испитаниците немал историја со кардиоваскуларни болести. Истражувањето се одвивало во Шведска, а секој Швеѓанец мора да има личен број за идентификација, сите негови посети на болница биле евидентирани, а чувањето куче било задолжително.

Истражувачите откриле дека луѓето кои чувале кучиња имале помал ризик да умрат од кардиоваскуларна болест, како и други причини. Ова важело за луѓето кои имаат чистокрвно куче од некој вид. Резултатите за луѓето кои чувале мелези не биле толку јасни.

Во просек, ризикот од смрт во домаќинство со повеќе луѓе бил намален за 11%, а ризикот за умирање од кардиоваскуларни болести бил намален за 15%. Здравствените придобивки биле и уште поголеми кај луѓето кои живееле сами.

„Можеби имало разлики помеѓу луѓето кои чуваат и луѓето кои не чуваат куче уште пред да се купи кучето. Ова може да има влијание на нашите резултати, како она дека луѓето со кучиња се поактивни.“ – вели еден од луѓето кои истражувале.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here