Агенцијата за економски комуникации има рок од 1 месец да направи детаљна анализа за оправданоста на изградбата на антенскиот столб на Водно.
Тоа им е наложено со одлука на Владата донесена на денешната седница. Владата побара да се види оправданоста за изградбата на столбот или тие средства да се пренаменат за други потреби на граѓаните, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.