Дома Македонија Руската амбасада со транскрипт од интервјуто на Лавров за да се демантираат...

Руската амбасада со транскрипт од интервјуто на Лавров за да се демантираат спиновите во медиумите

623
0
АКЦИЈА

По разните толкувања на изјавата на првиот човек на руската дипломатија во грчките, а во дел и од нашите медиуми, Руската Амбасада во Република Македонија го објави транскриптот од целокупното интервју.

Одговор на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, г-дин Сергеј Лавров, на прашањето на грчкиот новинар за проблемот со името.

Прашање: Деновиве се обновуваат преговорите за името на соседната земја на Грција, Поранешната Југословенска Република Македонија. Грците се навредуваат поради тоа што името «Македонија» е неправедно бидејќи поголемиот дел од територијата на старата македонска држава денес и припаѓа на Грција. Соседната земја со таквото име може да има територијални претензии. Пред извесно време руски претставници кажуваа дека можат да го ревидираат ставот за името на таа држава доколку се променат условите. Како го коментирате тоа?

Сергеј Лавров: Руски претставници кажуваа? Jа признавме Македонија како Република Македонија. И ја признаваме во тоа својство.

Прашање: А доколку се сменат условите? Дали ќе биде пронајден некој нов компромис?

Сергеј Лавров: Што се однесува до активизираните преговори и напори за решавање на проблемот со името «Македонија». Тие преговори мошне долго време беа во полузаспана состојба и се интензивираа дури тогаш кога САД решија дека Македонија мора да биде дел од НАТО. И, бидејќи Грција веќе е во НАТО вие како да немате потреба да правите отстапки, додека Македонија, пак, која сакаат да ја вовлечат во НАТО, како да има потреба од таквите отстапки. Тоа во суштина е тоа.

Какво име Грција и Македонија и да усогласат за Поранешната Југословенска Република Македонија, доколку за него има официјално решение пропишано во Уставот на Република Македонија, најверојатно сите ќе го признаат. Но суштината на тоа што се случува се надевам дека сите ја разбираат. Сега воопшто не станува збор за водење сметка за некои заеднички и специфични особини на два блиски народа, туку за тоа дека една од тие земји мора да ја направат членка на НАТО.

Одговор на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, г-дин Сергеј Лавров, на прашањето на грчкиот новинар з…

Posted by Посольство России в Македонии/Амбасада на Русија во Македонија on Monday, January 15, 2018

Претходно, одредени медиуми се обидоа да направат спин од изјавата на Лавров, толкувајќи ја како завземање на грчката страна во спорот за името од страна на Руската Федерација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here