Дома Свет Балкан Утрово извршен атентат врз Оливер Ивановиќ, лидерот на граѓанска иницијатива “Србија, демократија,...

Утрово извршен атентат врз Оливер Ивановиќ, лидерот на граѓанска иницијатива “Србија, демократија, правда” на Косово

720
0
АКЦИЈА

Непознати напаѓачи утрово извршиле атентат врз лидерот на СДП, Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица,  тој им подлегнал на повредите.
Лидерот на граѓанска иницијатива “Србија, демократија, правда” Оливер Ивановиќ беше убиен во пукањето што се случи во Косовска Митровица утрото во 8.15 часот, потврди адвокатот на Ивановиќ, Небојша Влајиќ за “Блиц”.

Адвокатот на Ивановиќ, Небојша Влајиќ, изјави за Блиц дека Ивановиќ, за жал, им подлегнал на повредите.

“Се чини дека тој починал на самото место.Првичните информации велат дека на телото на Ивановиќ има пет прострелни рани. Тој веднаш бил однесен во болница, лекарите се обидел да го реанимират, но немало спас”, вели Влајиќ за “Блиц.

Косовската полиција само потврди дека Ивановиќ бил испратен во болница и дека во моментов нема информации за нападот, пишува “Коха”.

Заменик-командантот на Косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, изјави за порталот Кос Сев дека сите полициски сили ги бараат напаѓачите на Оливер Ивановиќ.

“Испративме единици на терен, единиците се во болницата и пред канцелариите за да го решат ова официјално”, рече тој во Хоти, објави “Блиц”.

Пукањето се случило утрово пред влезот на просториите на неговата партија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here