Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, во дводневна посета на Македонија.
Според агендата Столтенберг пристигнува денес, а би требало во утре напладне да се обрати и пред пратениците во Собранието на Р.М.
Се очекува генералниот секретар на Алијансата да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, и со лидери на други политички партии.