Дома Свет Европа Германија трпи најголеми загуби од санкциите на ЕУ против Русија

Германија трпи најголеми загуби од санкциите на ЕУ против Русија

455
0
АКЦИЈА

Економските санкции воведени од ЕУ према Русија пред три години станаа фатални за Германија, според една нова студија објавена од Институтот за светска економија на Кил, цитиран од германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
“Речиси 40 отсто од загубите во извозот се на сметка на Германија во споредба со другите западни земји, а другите големи геополитички играчи се уште помалку погодени”, се вели во студијата.
Авторите велат дека извозот од Обединетото Кралство во Русија паднал за 7,9 отсто, додека францускиот извоз опаднал за 4,1 отсто. Трговијата меѓу САД и Русија се намали за само 0,5 отсто.

Според проценките на институтот, германскиот извоз во моментот е 618 милиони евра понизок отколку што може да биде ако санкциите се отфрлат. Аналитичарите нагласуваат дека вкупните загуби на извоз поради меѓусебната трговска рестрикција изнесуваат 37,5 милијарди евра од воведувањето на казните. Загубата на ЕУ, наводно е 90 проценти од таа бројка.
Санкции против Москва беа воведени во 2014 година, во Брисел поради наводната вмешаност на Русија во конфликтот во источна Украина. Казнените мерки беа насочени кон рускиот финансиски, енергетски и одбранбен сектор заедно со некои владини претставници, бизнисмени и јавни личности.

Кремљ одговори со наметнување на ембарго на земјоделски производи, храна и суровини од земји кои се приклучија на анти-руските санкции. Оттогаш, двете страни ги проширија мерките.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here