Дома Македонија Влада: Нема да го повлечеме законот за јазици!

Влада: Нема да го повлечеме законот за јазици!

387
0
АКЦИЈА

Владата на Република Македонија смета дека Законот за употреба на јазиците е согласно Уставот на Република Македонија.

Од Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ сметаат дека законот изгласан е во демократска, парламентарна процедура и е во интерес на сите граѓани и во рамки на концептот едно општество еднакво за сите, соопшти владината прес-служба како реакција на ставот на ВМРО-ДПМНЕ да се повлече Законот.

-ВМРО–ДПМНЕ имаше можност да учествува во процесот на носење на овој закон во Собранието на Република Македонија, но одби да го направи тоа со што демонстрираше политичка неодговорност. Имајќи предвид дека претседателот Иванов не го потпиша указот за прогласување на законот за употреба на јазиците, истиот повторно ќе се најде во Собраниска процедура, при што ВМРО–ДПМНЕ ќе има можност активно да интервенира преку амандмандска расправа, стои во реакцијата.

Владата на Зоран Заев нема да го повлече законот за јазици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here