Дома Скопје Богдановиќ и К.К.Работнички, љубов или интерес?

Богдановиќ и К.К.Работнички, љубов или интерес?

540
0
АКЦИЈА

Советниците од општина Центар денес ќе го разгледуваат буџетот на К.К. Работнички доставен од градоначалникот Саша Богдановиќ на кој се предложува Работнички годинава да потроши скоро милионска сума

Уште пред 3 месеци советниците од општина Центар беа запрепастени од навивачот на Работнички и сегашен градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, со предлогот ,половина милион да се доделат на клубот од Градски Парк. Да потсетиме тогаш имаше бурни реакции, а советниците побараа извештај за работењето на клубот од претходните години.

Наместо извештај за потрошените пари од К.К. Работнички во изминатите години, Саша Богдановиќ на советниците им достави програма со која К.К. Работнички оваа година ќе потроши над 830 илјади евра.

Огромна сума на пари граѓаните на Центар ќе потрошат за кошаркаски клуб кој што игра само во домашно првенство. Овој буџет го нема дури ни МЗТ Скопје кој покрај домашниот шампионат игра и во Јадранската лига. Ако се земе во предвид квалитетот на играчкиот ростер на МЗТ Скопје од Аеродром тој е неспоредлив со оној на Работнички особено од репрезенативен калибар. Да потсетиме дека во јавноста струи веста дека и досега се трошела приближно оваа сума на пари во клубот од Градски Парк, а резултати немало. Овој клуб во изминативе 5 сезони нама значителни успеси и достигнувања и ги губеше дуелите со МЗТ, Куманово, Карпош Соколи и ниту еднаш не стигна до финалето на купот или завршницата на домашното привенство.

Минатата година Работнички заврши како трет и во полуфиналето на плејофот беше поразен од Карпош Соколи со 3-1 во победи.

Интересно е да се напомене дека овој клуб и Саша Богдановиќ имаат предвидено за оваа година буџет за туристички агенции од 45 илјади евра, а сепак настапуваат само во домашното првенство. Граѓаните на Центар се прашуваат дали е можно да се потрошат толкава сума на пари на патувања до Охрид и Гевгелија. Има сомневања дека некој преку К.К. Работнички дебело се богати и омрсува.

Дали е еден или повеќе и колку од овој дел идат на контото на Саша Богдановиќ?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here