Дома Македонија Еве што ќе се случи во Македонија, предвидувањата исполнети (ВИДЕО)

Еве што ќе се случи во Македонија, предвидувањата исполнети (ВИДЕО)

417
0
АКЦИЈА

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски во изборната кампања од локалните избори, но и пред парламентарните избори постојано предупредуваше дека крајната цел на целото сценарио за носењето на СДСМ и Зоран Заев на власт е промена на името на државата и идентитетот на македонскиот народ.

Нема поправање, нема каење, за Македонија се работи, предупреди тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Штип уште во декември 2016 година.

Зборувајќи за намерите на сценаристите кои го најмиле Зоран Заев за да ги спроведе нивните намери, Груевски нагласи дека ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад.

– Кога нешто ќе се направи од ваков карактер, ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, нема каење. Ви кажуваме многу отворено, многу јасно, што и следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Можеби некои од вас се разочарани од некои наши слабости, грешки, пропусти и ние сме живи луѓе и ние грешиме, но стратешки грешки немаме. Ќе се трудиме да ги поправиме, дабидеме подобри, да бидеме уште поуспешни, да имаме помалку грешки, помалку слабости, но ова е крупна работа, ова не е работа за некоја мала грешка, па ајде ќе гласам за ова па што сака нека биде. Се работи за Македонија, внимавајте, се работи за иднината на нашата заедничка татковина – изјави Никола Груевски на 2 декември пред штипјани.

Груевски: Ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќа…

Груевски: Ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад (02.12.2016)http://republika.mk/807605

Posted by Република online on Saturday, August 5, 2017

 

И во текот на кампањата од локалните избори минатата година, Груевски предупредуваше дека крајната цел со носењето на Зоран Заев и СДСМ на власт е промена на името на Република Македонија.

Груевски нагласи дека власта на СДСМ е марионетска, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот.

-Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, во неколку точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, изјави Груевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here