Дома Македонија Вести Со достоинство и почит денес се одбележува 37миот роденден на Тоше Проески

Со достоинство и почит денес се одбележува 37миот роденден на Тоше Проески

495
0
АКЦИЈА

Денес во Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и балканска музичка ѕвезда која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка во Хрватска. На 25 јануари Тоше Проески требаше да наполни 37 години.

Во неговиот роден град Крушево ќе се одржи музичка манифестација во организација на локалната самоуправа, спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и средното училиште „Наум Наумовски Борче“.

Ќе настапат локалниот бенд „Кици и Пеце“, хорот на средното училиште „Наум Наумовски Борче“ како и оперскиот пејач, сопранот Билјана Јосифов, придружувана од клавијатуристот Сашко Николовски.

Претходно, во 11:15 часот (времето кога се родил Тоше во 1981 година) ќе биде положено цвеќе на неговиот гроб на Гумење.

Во Крушево веќе пристигнуваат фанови од Македонија и од Балканот за да го одбележат роденденот на Тоше и да потврдат дека тој живее со песните и во спомените на сите.

Во Скопје, по повод роденденот на Тоше, кој беше и голем хуманист, ќе биде организирана крводарителска акција во Домот на АРМ во периодот од 9 до 17 часот. Акцијата ја организираат Црвениот крст на Град Скопје, Општинската организација на Црвниот крст од Гази Баба, Институтот за Трансфузиона медицина, Тоше фанови РМ и Фондација Тоше Проески.

Тоше загина на 16 октомври 2007 година. Тој не беше само македонска, туку и балканска ѕвезда. Неговите песни станаа хитови кои се пејат и денес. Соработуваше со композитори од Балканот и светот како Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински и  Ања Рупел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here