Дома Македонија Вести Мирослав Шиповиќ остро го нападна Саша Богдановиќ, Отидоа 500.000 евра за безимени...

Мирослав Шиповиќ остро го нападна Саша Богдановиќ, Отидоа 500.000 евра за безимени кошаркари во К.К. Работнички

564
0
АКЦИЈА

Поранешниот претседавач со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, ја искритикува одлуката на новиот општински Совет пола милион евра да бидат донирани на кошаркарскиот клуб „Работнички“

Шиповиќ во пост на својот Фејсбук профил пишува дека 500.000 евра од општина Центар отишле за безимени кошаркари.

Sovetot na Opstina Centar go odobril finansiskiot plan na KK Rabotnicki. Bye Bye 500.000 evriki otidoa na bezimeni…

Posted by Miroslav Sipovik on Friday, January 26, 2018

„Советот на општина Центар го одобрил финансискиот план на КК Работнички. Bye bye 500.000 евриќи отидоа на безимени кошаркари. Просечна плата 4.000 евриќи месечно, без патни трошоци. Ќе биле шампиони оваа година. А салите преполни 100 гледачи у просек“, пишува Шиповиќ.

Во друг пост на својот Фејсбук профил тој изрази и сомневање околу платите кои ги добиваат странските играчи во клубот од Градски Парк.

Javna nabavka na kosarkar od starnstvoI giv yu 8000 Euro yu giv mi 3000 euro

Posted by Miroslav Sipovik on Friday, January 26, 2018

 

Шиповиќ доаѓа од партијата СДСМ, како и актуелниот градоначалник, Саша Богдановиќ, голем фан на „Работнички“.

Во програмата за спонзорството на клубот Саша Богдановиќ има предвидено за оваа година буџет за туристички агенции од 45 илјади евра, а сепак К.К. Работнички настапува само во домашното првенство.

Одлуката да биде дониран толкав износ за кошаркарите наиде на критика и од граѓанските организации затоа што за проблемот со аерозагадувањето, како приоритетен проблем, Општината издвои само 60.000 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here