Дома Македонија Вести Наскоро платен паркинг во општина Карпош и Кисела Вода

Наскоро платен паркинг во општина Карпош и Кисела Вода

930
0
АКЦИЈА

На денешната 4та седница на советот на град Скопје, беше предложен Инвестициониот план на Јавното Претпријатие Градски Паркинг – Скопје и истот беше усвоен од страна на мнозинството на советот(СДСМ).

Овој план меѓу другото предвидува проширување на зонското паркирање на територијата на град Скопје, а најинтересно е што проширувањето ќе се одвива на општина Карпош и Кисела Вода.

Претходниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски остро се спротивстави на оваа одлука во неговиот мандат, но новоизбраниот градоначалник Стефан Богоев нема никаков проблем со ова иако во предизборната кампања во неколку изјави велеше дека нема да се плаќа паркинг во општина Карпош.

Како што може да се види од сликата, Лептокарија и Карпош 1 ќе бидат опфатени уште оваа година, а понатуму се планира зонско паркирање и во Карпош2,3,4 и Влае

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here