Дома Македонија Економија Македонија пред банкрот, државниот и јавниот долг растат!

Македонија пред банкрот, државниот и јавниот долг растат!

477
0
АКЦИЈА

Јавниот и државниот долг пораснале за 95,4 и 82,7 милиони евра само во октомври, ноември и декември, објави денеска Министерството за финансии. Тука не се вкалкулирани половина милијарда евра од еврообврзницата која е издадена во јануари, што ќе придонесе кон ново зголемување на јавниот и државниот долг.

Согласно податоците објавени на веб страната на Министерството за финансии, јавниот долг заклучно декември изнесува 4 милијарди 786 милиони и 900 илјади евра и е за 95 милиони и 400 илјади евра зголемен во однос на претходниот квартал. Јавниот долг прикажан како процент од БДП изнесува 46,7% од БДП што покажува зголемување од 0.9 процентни поени.

Државниот долг изнесува 3 милијарди 958 милиони и 500 илјади евра и е зголемен за 82.7 милиони евра во однос на претходниот квартал. Како процент од БДП државниот долг сега изнесува 38,7% од БДП и е зголемен за 0,9 процентни поени.

На годишна основа во апсолутен износ јавниот долг е зголемен за 75,5 милиони евра, додека државниот за 107 милиони евра.

Согласно фискалната стратегија до 2019 година јавниот долг се очекува да се искачи до 55,9 осто од БДП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here