Дома Македонија „Спутник“: Решение за името најдоцна до март

„Спутник“: Решение за името најдоцна до март

419
0
АКЦИЈА

Грчките власти сметаат дека е можно во рок од два месеци да се реши таканаречениот спор за името, што значи пред самитот на НАТО во јули, изјавил за „Спутник“ извор кој наводно бил запознат со текот на разговорите.

„Нема апсолутно никаква смисла да ги одложуваме разговорите до јули, ако има одлука тоа ќе биде во февруари или барем во март … Јасно е дека тоа ќе биде политичка одлука, но нема потреба да се мисли дека сè веќе е одлучено…“, рекол соговорникот на „Спутник“, одговарајќи на прашањето за можноста за решавање на спорот пред самитот на НАТО, кога ќе се дискутира за пристапувањето на поранешната југословенска република во Алијансата.

„Спутник“ пишува дека главната пречка за решавање на спорот е прашањето за македонскиот иредентизам, и додава дека Грција бара Македонија да го промени својот устав.

Околу половина од Грците не сакаат зборот „Македонија“ да биде вклучен во името на соседната држава.

Превземено од експрес.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here