Дома Македонија Политика РЕШЕНИЕТО ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗАГЛАВИ ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПРЕСМЕТКИ ВО АТИНА

РЕШЕНИЕТО ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗАГЛАВИ ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПРЕСМЕТКИ ВО АТИНА

523
0
АКЦИЈА

 

Вчерашниот масовен протест во грчката престолнина Атина, покажа нов правец во идните грчко-македонски преговори за решавање на деценискиот спор за името. Според организаторите на протестот, присутни биле над 1,5 милион Грци, додека официјалните грчки власти, преку министерството за внатрешни работи соопштија бројка од 140.000 протестанти. По масовниот протест во Солун, овој е втор последователен протест на  грчките патриотски организации, во содејство со свештеници од Грчката православна црква, истакнати грчки професори и општественици, а официјално поддржан од партиите Златна Зора и Сојузот на централисти. Главната опозициска партија Нова Демократија, иако официјално не е организатор на протестот, се претпоставува дека голем број на членови и симпатизери на оваа партија, земале учество, со што некои грчки аналитичари протестот го дефинираат и како „ политички“, со што крајната цел е предизвикување на предвремени парламентарни избори. Композиторот Микис Теодоракис им се обрати на присутните , со зборовите „ Македонија е една, и грчка“. Пред вчерашниот протест, „Катимерини“ излезе во јавноста со анкета, според која 71,5 % од испитаниците Грци, не сакаат воопшто зборот  Македонија да биде вклучен во сложеното име на  Република Македонија. Ова се толкува како уште еден дополнителен аргумент дека и покрај сите надежи кои се создадоа во одредени дипломатски кругови, особено по заедничката средба на премиерите на двете земји на Форумот во Давос, Алексис Ципрас и Зоран Заев, полека почнуваат да спласнуваат и оптимизмот опаѓа. Грчката Влада, со официјално соопштение истакна дека „ сонот на Нова Демократија и Кирјакос Мицотакис за милионски протест не се реализирал, и дека треба да бидат разочарани“, што е дополнителен аргумент дека овие национални протести добиваат партиско-политичка позадина. Во истото, време на осумстотини метри, раздалеченост од плоштадот „ Синтагма“, група анархисти протестираа против национализмот и нацифашизмот. Некои медиуми објавија дека дошло до судир меѓу анархистите и националистите од Златна Зора. Вчерашниот протест во Атина беше следен и од британската телевизија Би-би-си, односно истиот оддекна и во светските медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here