Дома Македонија Политика „ ТРЕТ ПАТ“ ПО КОЈЗНАЕ КОЈ ПАТ

„ ТРЕТ ПАТ“ ПО КОЈЗНАЕ КОЈ ПАТ

572
0
АКЦИЈА

Република  Македонија има еден од најстабилните бипартиски системи на Балканот. Заедно со Хрватска и Албанија, две и пол децении по воведувањето на повеќепартискиот систем, во овие три земји, постои стабилен двопартиски систем, кои го запоседнуваат две доминантни политички партии ( во левиот и деснниот политички спектар) и нивните помали партиски сателити. Во сите држави имало обиди за разбивање на партискиот дуопол, но сите безмалку завршиле безуспешно. Во Македонија повеќе од две децении се создаваат нови политички партии, кои се прокламираат како  „трет пат“  , кои ќе понудат нешто ново на политичката сцена, различно од доминантните политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, за да на крајот завршат како нивни политички превезоци. Најчесто овие политички партии се создаваат кога одреден моќен политичар од една од  двете доминатни партии, поради несогласување со партиското раководство, ќе се отклони од таа партија, и ќе формира нова. Прв пример е отцепувањето на Петар Гошев од рамките на СДСМ  во раните деведесетти , и формирањето на Демократската Партија. Други посериозни драматични  партиски  отцепувања во левиот спектар се создавањето на Нова Социјалдемократска партија на Тито Петковски, поранешен висок функционер на СДСМ, која на почетокот освои значителен број на гласови и 7 пратеници на изборите во 2006 тата година, исто така ,  поранешниот лидер и премиер од редовите на СДСМ Владо Бучковски кој ја формираше Алијансата за Позитивна Македонија која и не се прослави, а и не постигна значителни резултати. Последната во оваа нишка е партијата на поранешниот претседател на градската организација на СДСМ Стевчо Јакимовски, кој ја формираше Граѓанската опција за Македонија или ГРОМ. Оваа партија иако произлезе од левичарскиот блок сепак влезе во десниот коалиционен блок заедно со ВМРО- ДПМНЕ и важи за една од поголемите партии ако се изостават политичките гиганти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на десницата, вакви тектонски политички поместувања, се формирањето на ВМРО-Народна партија која ја формираше  поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, и партијата Обединети за Македонија, формирана од поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ Љубе Бошковски.  Филип Петровски ја формираше Демократската десница, за да после неуспехот на парламентарните избори во 2011 година, партијата официјално  згаснува , и се претопува  во матичната ВМРО-ДПМНЕ. Зошто овие партии по првичниот успех, потоа преминуваат во една од двете коалиции ( или се враќаат кон матичната партија како помал коалициски партнер или одат во спротивниот партиски блок и стануваат најголеми политички непријатели на довчерашните партиски колеги)? Анализите покажуваат дека најчесто овие партии се формирани од група на незадоволници, и имаат слаба идеолошка поткованост, па затоа на долг рок тие се приморани да се сојузат со поголемите партии за да не исчезнат од политичката сцена. Единствено во последните години, политичката партија Левица со својата идеолишка матрица и платформа се наметна како партија надвор од   двата партиски  блока, со профилирана идеологија, и забележа одреден успех на последните локални и парламентарни избори, освојувајќи околу 12.000 гласови. Последниве месеци, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ , Солза Грчева, најавува нов политички субјект, како коректив и на власта и на опозицијата, кој треба да се вика „ Глас за Македонија“. Промоција во јавноста за формирање на нова партија направија и поранешни политичари и општественици кои најавија создавање на Граѓанско-Демократската унија (ГДУ), исто така партија, коректив на власта и опозицијата. Времето е најдобар индикатор и показател дали овие партии ќе успеат да егзистираат на политичката сцена како трети политички опции, или како и останатите во минатото ќе бидат приморани да се приклонат во некој од доминантните политички големи сојузи.

Експертите и познавачите тврдат дека избирачкиот модул исто така игра голема улога во естаблирањето и зацврстувањето на политичките субјекти на сцената. Пред се затоа што е навистина тешко да се постигнат значителни резултати (освоени пратенички места, 6те избони единици и др.) по овој избирачки модул. Втората пречка на која наидуваат помалите партии е начинот на финансирање и привлекувње на спонзорства.

Системот за финансирање на политичките субјекти од буџетските средства е исклучиво наклонет кон гигантите (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) со што нема можност помалите политички субјекти независно да функционираат и дејствуваат. Ист е случајот со потенцијалните спонзори или поддржувачи, кои без многу колебање се одлучуваат својата поддршка да ја дадат на еден од политичките гиганти по логична претпоставка, дека само така и тие можат да го реализираат својот интерес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here