Дома Свет Европа Германија конечно ќе добие влада по 4 месеци, Меркел и Шулц постигнаа...

Германија конечно ќе добие влада по 4 месеци, Меркел и Шулц постигнаа начелен договор за коалиција

538
0
АКЦИЈА

Преговорите за формирање  коалиција меѓу конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите траеја цела ноќ и утрово двете страни постигнале начелен договор, пренесе „Ројтерс“.

Разговорите на кои присуствуваа германската канцеларка и лидерот на Социјалдемократската партија (СПД), Мартин Шулц, почнаа вчера во утринските часови, а тоа требаше да биде последен ден од преговорите кои двете страни ги почнаа на почетокот од јануари.

Политичките лидери бараа заедничко решение за тоа како да владеат заедно со цел да ја извлечат Германија од политичката несигурност бидејќи земјата е без влада уште од парламентарните избори во септември, на кои ниту една партија не освои апсолутно мнозинство.

Доколку овие преговори пропаднат, за што во моментов има помали шанси, Меркел ќе треба да со помири со формирање нестабилна малцинска влада или да прифати организирање нови избори, што ќе биде многу ризично зошто претставува можност за подем на екстремната десница.

Доколку, пак, договорот биде потврден, тоа ќе ја доведе Германија чекор поблиску до формирање влада по цели четири месеци политичка неизвесност во државата, што ја ослабна нејзината позиција во меѓународните односи и го наметна прашањето дали Меркел може да ја задржи канцеларската функција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here