Дома Магазин Инспиративни животни насоки од незаменливата Опра Винфри

Инспиративни животни насоки од незаменливата Опра Винфри

485
0
АКЦИЈА

Опра Винфри со своето шоу полно емоции го менува светот. Таа вели дека мора да ја работите работата што ја сакате за да го осветлите светот со својата светлина.

Ја исполни својата мисија да допре до срцата на многумина и да направи позитивни промени во нивните животи. Токму затоа е инспиративна и неповторлива.

Прочитајте дел од нејзините животни мудрости:

Секој од нас треба да ја пронајде својата животна цел

Секој од нас има нешто за кое е создаден, а вистинската работа во животот е да откриете што е тоа.

Секој пат кога на сцената во моето шоу имаше личност која успеала, таа говореше за работата и задоволството од работењето на тоа што знаела дека ѝ е судено да го работи.

Твојата цел ќе ти овозможи да живееш со полни гради

Работењето на тоа што го сакате ќе ви даде чувство дека сте токму на местото на кое треба да бидете. Тоа му го посакувам на секој од вас – во животот да ве води срцето.

Мора да заработувате за живот, го разбирам тоа. Но, исто така треба да знаете дека со својата животна светлост можете да го осветлите светот.

Сите имаме начин на кој можеме да влијаеме на светот

Можеби можете да влијаете на 20, 30, 50 луѓе, на вашите пријатели, роднини, колеги, но каде и да сте, токму тоа е вашата сцена, кругот врз кој имате влијание.

Секој ден покажувајте им на луѓето кои сте, говорете за себе и со тоа правопропорционално ќе го добиете истото и од другата страна.

Секој од нас е одговорен за својот живот

Вие сте одговорни за вашиот живот… Не е важно што работела мајка ви или колку наследство ви оставил татко ви.

Вие сте одговорни за енергијата што ја ширите.

Сите ние делиме исти порази, иста болка

Моето шоу ме научи дека сите ние имаме една заедничка карактеристика – имаме периоди кога минуваме низ животни порази и болка.

Нè мачи чувството дека не сме доволно вредни за да живееме, нè мачи мислата дека сите трагедии се на нашиот грб.

Ти си доволен

Постојано се блокираме самите себеси мислејќи дека не сме доволно добри, не сме доволно паметни, убави или богати. Но, мора да запомните дека вредите со самото тоа што сте се родиле и сте овде. Да, ти си доволен!

Сите ние можеме да бидеме нечие засолниште

Се надевам дека секој од вас ќе биде нечие засолниште некогаш, безбедно место на кое некој ќе може да се сокрие од бурите.

Правете им добро на другите луѓе, поврзете се со нив, сакајте ги… Прво еден човек, па двајца и така ширете го вашиот круг.

Запомнете дека краевите носат нови почетоци

Секое поглавје од животот е неверојатно и колку и да ви изгледа тажно неговиот крај, насмевнете се затоа што нешто ново и поубаво доаѓа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here