Дома Македонија Вести Екс градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски- Циц, во трка за претседател на...

Екс градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски- Циц, во трка за претседател на КФМ

949
0
АКЦИЈА

Утре напладне ќе се одлучува дали Петар Наумовски ќе остане на чело на Македонската Кошаркарска Федерација, за чија доверба ќе се гласа на вонредното собрание на МКФ. Доколку клубовите не му ја дадат довербата, во игра за претседател се репрезентативецот Владо Илиевски и поранешниот градоначалник на Куманово, доктор специјалист по гинекологија и акушерство, Зоран Дамјановски – Циц.

Владо Илиевски уште пред неколку месеци за ,,Фокус’’ изјави дека е во трка за претседател на МКФ, и доколку дојде на функцијата, целата плата ќе ја донира за развој на млади таленти.

-Зад себе имам интернационална кошаркарска кариера и верувам дека со својата посветеност и искуство ќе го вратам сјајот на нашата кошарка. Доколку дојдам на чело на МКФ, со цел да им помогнам, дополнително да ги мотивирам и поттикнам младите таленти во овој спорт, ќе ја донирам мојата плата за нивниот професионален развој – потенцираше кошаркарската легенда.

Неофицијално, месечните примања на претседателот Наумовски изнесувале колку неколку просечни плати во земјава.

По најавите на Илиевски, деновиве јавноста е изненадена и од влегувањето во игра на гинекологот Циц, кој никогаш професионално не се занимавал со кошарка. Тој има 61 година, 12 години беше градоначалник на Куманово, а лани доби награда од раководството на регионалната БИБЛ лига, за придонес за развојот на кошарката на Балканот.

Илиевски пак, има 38 години, и беше активен играч околу две децении. Беше дел од Евролигата, македонски репрезентативец, играше на четири Европски првенства. И ги донесе на Македонија најзначајните поени во историјата на кошарката за време на Европското Првенство во Литванија и остана запаметен по изјавата – Леле луѓе, што направивме. Во изминатите години го покажа својот талент во многу докажани светски клубови. Играше во Барселона, Лотоматика Рома, Монтепаски Сиена, Анадолу Ефес, Олимпија и Работнички, а кариерата ја заврши по 20 години игра во странство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here